-->

Porsche Panamera конечно претставен

Porsche на автомобилскиот саем во Шангај конечно го претстави својот нов модел - лимузината Panamera - со што уште еднаш ја потврди важноста на растечкиот кинески пазар во сопствените планови.

Panamera, после моделите 911, Cayenne, Cayman и Boxter, е петтиот модел во поставата на Porsche, а воедно и првата спортска лимузина која доаѓа од работилницата на овој германски производител. На пазарот ќе се најде од 12-ти септември, а ќе ја движи 4.8 литарски V8 со 400 коњски сили, надворешен и интегрален погон, или битурбо 4.8 литарски V8 со 500 коњски сили и исклучиво интегрален погон.

Идната година би требало да ја дочекаме и хибриндната верзија на Panamera со V6 бензински мотор и моќност од 300 коњски сили. Силата на тркалата се пренесува со шестобрзинската автоматизирана менувачка кутија на Porsche, која има двојна спојка PDK.

 

Copyright © 2009 selotejp.com