-->

Peugeot - концепт на иднината

Peugeot на шангајскиот авто саем презентираше дел од идеите на неговите дизајнери за автомобил за иднината реализиран во концепт со името RD - модел кој ги обединува возбудата од возењето на трицикл и удобноста на класичните автомобили.



Ова футуристичко возило настанало од почетната идеја на Колумбиецот Tovar и е придвижувано од електромотор сместен непосредно зад кабината.

Автомобилчето овозможува панорамски поглед, благодарение на стаклениот покрив и страничните отвори. Засега нема никакви службени технички податоци нити информации дали овој концепт ќе тргне во производство.



На своето годишно натпреварување, Peugeot ангажираше ученици на дизајн да го смислат изгледот на автомобил Peugeot кој ќе се користи во големите градски центри во иднината. Од дури 2500 предлози, избрани се десет финалисти во минатиот декември по пат на гласање преку интернет. Сепак недостатокот на технички информации не значи дека не треба да му се восхитуваме на прекрасниот дизајн на овој футуристички концепт.







 

Copyright © 2009 selotejp.com