Следната недела пристига Office 2007 SP2
Софтверскиот гигант Microsoft најави дека на 28 април ќе се појави вториот сервисен пакет (SP2) за Office 2007.
Од компанијата наведуваат дека SP2 ќе донесе поддршка за документите со отворен код, односно во ODF формат (Open Document Format). Ова значи дека главните апликации од Office 2007 пакетот - Word, Excel и PowerPoint ќе поддржуваат документи во ODF формат, верзија 1.1. Со вториот сервисен пакет споменатите апликации ќе добијат и нова опција, можност за снимање документи во PDF и XPS формат.
SP2 исто така ќе доаѓа со подобрена верзија на Outlook 2007, како и можност извештаите изработени во Access 2007 да се префрлат во Excel 2007.
Според експертите посебно интересна е опцијата за деинсталирање на сервисниот пакет со употреба на посебна независна алатка.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)