-->

Официјално објавен Nikon D5000

По неколку неделно нагаѓање, новиот DSLR на Nikon oтелотворен во моделот D5000 и официјално е најавен како новитет.

Nikon D5000 би требало да си го завземе своето место меѓу постоечките D60 и D90 модели и директно да се спротистави на конкурентниот Canon 500D. Ќе нагласиме на самиот почеток дека Nikon D5000 нема внатрешен мотор за автоматски фокус како што го нема ниту D60 и затоа на постарите објективи нема да функционира опцијата за автоматско изострување на сликата. Оваа пракса Nikon ја воведе на моделот D40 и од тогаш издаде многу објективи со интерен мотор за авто фокус, а кон ова брзо се прилагодуваат и други произведувачи на објективи за фотоапаратите на Nikon. Компатибилни објективи на пазарот има многу, но оваа информација може да биде многу важна за сопствениците на постари објективи за фотоапаратите Nikon.

Moделот D5000 е базиран на истиот CMOS сензор со резолуција од 12 мегапиксели, каков што има и појакиот D90. D500 со D90 ja дели опцијата за снимање на HD видео записи - најновиот хит на DSLR пазарот. Квалитетот со кој D5000 ќе снима е 720 пиксели со 24 слики во секунда. Конкурентот Canon 500D снима во полн HD квалитет со резолуција од 1.080 пиксели, но ова го бележи со само 15 слики во секунда.

Една од најприметливите карактеристики кај D5000 е ротирачкиот позадински екран со дијагонала од 2.7 инчи.

Препорачаната цена на најновиот модел на Nikon во комплет со објективот 18-55 VRII е 849 долари, а самото тело е 729 долари. Овие цени се „важечки“ за во Америка. Во Европа, очекувано, ќе е нешто поскап.

 

Copyright © 2009 selotejp.com