По најавата од пред два месеци, дојде времето и за официјално претставување на најновиот преносен компјутер од таборот на MSI.
Како што во официјалното соопштение од MSI се најавува, нетбукот X-Slim X340 е базиран на Intel CULV платформата, поточно е опремен со процесор Intel SU3500 CULV кој за својата работа троши само 5.5 W струја.
Од останатото, наведено е дека X-Slim има 13-инчен widescreen (16:9) LED екран, WiFi, два USB слотови, HDMI, аудио излез, влез за микрофон, D-Sub Video Out, LAN, како и читач на мемориски картици.
Сепак, неговиот најголем адут е компактноста, така што X-Slim тежи само 1.3 килограми, а на својот најдебел дел е дебел тенок 19.8 милиметри. Нетбукот на американскиот пазар ќе се појави до крајот на овој месец, а потоа ќе следи неговата дистрибуција ширум светот.