Netbook прототип кој работи на Android претстави и компанијата SkyTone. Овој модел доаѓа со седум инчен екран, 533 MHz ARM11 процесор, само 128 MB меморија, поддршка за Wi-Fi, слот за SDHC мемориска картичка. Спецификациите на netbook-от се слаби, но главен адут треба да му биде цената, која ќе се движи околу 100 американски долари.
Во меѓувреме, од Google оценија дека 2009-тата дефинитивно ќе биде Android година, особено поради фактот што компанијата кон крајот на годинава ќе претстави повеќе уреди кои ќе работат на овој оперативен систем. Многумина сметаат дека уште кон почетокот на годинава ќе се појават повеќе smartphone телефони кои ќе работат на овој мобилен OS, но за сега, освен HTC моделот, сите други се само во најава.