Подготвувајте се за надградба. Microsoft утре планира да издаде осум сигурносни закрпи, од кои пет се означени како критични, две умерени, а една закрпа е рангирана како важна.
Иако од компанијата сеуште не е објавено за какви закрпи станува збор, односно за кои програми конкретно се наменети надградбите, потенцирано е дека 5 од нив се однесуваат на Windows, една нa Internet Explorer и Excel, и една за ISA Server.
Интересно е што повеќето пропусти се однесуваат на постарите верзии на Microsoft програми. Од пет пропусти во Windows, само три се однесуваат на Vista, а воопшто не е загрозена ниту последната верзија на Internet Explorer 8.