-->

Jeep подготвува „убиец“ на Mercedes ML63 AMG и BMW X5 M

Веднаш откако BMW ги претстави своите нови SUV модели X5 M и Х6 М, од другата страна на големата бара започна на големо да се зборува за SRT новата изведбата на Jeep Grand Cherokee.

Првата скица која се појави на интернет покажа нешто што сите и го знаеа - Jeep SRT8 би можел, со проширените калници, аеродинамичниот пакет на спојлери и масивните гуми и фелни, да изгледа многу добро, а добрата вест е дека американскиот производител планира да го создаде како модел за 2012 година.

Под хаубата би требало да се најде нов 6.4 литарски V8 HEMI со 505 до 525 коњски сили како и дури 700Nm вртежен момент. Овој мотор сепак би дебитирал под хаубата на Challenger и Charger во 2011 година. Наводно, инженерите на Chrysler активно работаат на прототипен модел на Grand Cherokee SRT8 кој би можеле, дококу се од кажаното е вистина, наскоро да го видиме и на некои шпиунски фотографии од по тестирањата.

Освен по унапредениот изглед и новиот мотор, Grand Cherokee SRT8 од стандардната верзија би се разликували по надоградениот интегрален погон, унапредената спортска суспензија како и силните кочници.

 

Copyright © 2009 selotejp.com