-->

Милијарда апликации за iPhone

Вопрвите девет месеци од продавницата на Apple за апликации, корисниците презеле милијарда апликации за iPhone, од кои дел се бесплатни, но за добар дел треба да се плати.

Бројачот на Apple достигна милијарда. Ова е одличен показател дека стратегијата на Apple за едноставна дистрибуција на апликации за iPhone беше изразито ефикасна. Ова го сфатија и останатите производители, па сега за скоро секоја мобилна платформа (Windows Mobile, Symbian, Android, BlackBerry) постои слична продавница за апликации.

Многу веројатно е дека растот ќе продолжи со слично темпо - Apple подготвува нова верзија на оперативниот систем, а се шушка и за нова верзија на самиот iPhone, како и за поголем уред со дисплеј на допир кој исто така би можел да ја дели истата платформа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com