-->

Користењето на GPS штеди гориво

Ако го земеме во предвид фактот дека цената на горивото повторно расте, тогаш - доколку поминувате долго време во автомобилот, би било фино да размислите за купување на GPS уред со кој сигурно ќе заштедите гориво, а со тоа и пари.

Според истражувањето на компанијата NuStats, возачите кои користат сателитска навигација трошат 12% помалку гориво во однос на возачите кои не користат GPS.

Во ова истражување беа надгледувани возачите во Дизелдорф кои користат и оние кои никогаш не користеле GPS навигација.

Резултатите покажале дека возачите кои користат навигација стигнале до крајната рута за значително помалку време, а со тоа вкупната потрошувачка на гориво била намалена од 8.3 литри за 100км - на 7.3 литри.

Така, годишно за 2.500 километри се намалува патот на возачите, а заштедата изнесува околу 416 евра за една година. Со обзир на популарната цена на GPS уредите, активните возачи би го исплатиле уредот уште во првата половина на годината, а се понатаму би била чиста заштеда.

 

Copyright © 2009 selotejp.com