-->

Google на YouTube дневно губи 1,65 милиони долари


Мегапопуларниот онлајн видео сервис Youtube на интернет џинот Google му донесува секојдневни загуби, а ако им се верува на одредени финансиски аналитичари, дневназа загуба на овој видео сервис се качува и до 1,65 милиони долари.

Сосема очекувано, Google никогаш не ги откри износите за трошоците за одржување на својот YouTube сервис, а исто така ни приходите кои му ги носи. Затоа тука се финансиските аналитичари и компаниите како што е comScore кои се обидоа да ги пресметаат.

Според наведувањата на финансиската компанија Credit Suisse и аналитичарот на comScore, Google на YouTube во текот на оваа година би требало да опслужи 375 милиони единствени корисници, и тоа со околу 75 милијарди прикажувања на видео содржини. Сето споменато Google годишно ќе го чини 753 милиони долари, или 2.064.054 долари дневно.

Но Google во текот на оваа година на својот сервис ќе има приход измеѓу 90 милиони долари според податоците на аналитичарот Бер Стеранс и 240 милиони долари според податоците на податоците на Credit Suisse.

Сето наведено доведува до заклучок дека Google на YouTube годишно ќе изгуби измеѓу 513 и 663 милиони долари, или пресметано, измеѓу 1,4 и 1,65 милиони долари дневно.

 

Copyright © 2009 selotejp.com