-->

Golf е светски автомобил на годината, Fiat 500 со најдобар дизајн!

Во конкуренција на Toyota iQ и Ford Fiesta, Golf ја понесе наградата за најдобар светски автомобил за 2009 година. Награди беа поделени и за категоријата најдобар еколошки (зелен) автомобил, за најдобар спортски автомобил и за најдобар дизајн.



Според организаторот, Golf ја добил наградата поради тоа што изгледал поскапо од своите конкуренти, посебно во квалитетот на внатрешноста, но и поради одличната рафинираност во возењето, тивката кабина и релаксираното возење, посебно на автопат. Пофалени беа и моторите на Golf, посебно 1,4 TSI со 160 КС.

Наградата за најдобар “зелен” автомобил, пак, ја зема Honda FCX Clarity, пред Toyota iQ и Mitsubishi i-MIEV. За најдобар спортски автомобил беше прогласен Nissan GT-R, додека за најубав автомобил, Fiat 500.

Единствен автомобил кој беше номиниран во две категории беше Toyota iQ – за најдобар и за еколошки автомобил, но сепак не успеа да стигне до ниту една од наградите.









 

Copyright © 2009 selotejp.com