Оваа вест ја рашири германскиот весник Шпигл, според кој италијанската компанија има намера да го преземе Opel. Според истиот извор, имало уште една компанија која била заинтересирана за Opel, но предност и се давало на италијанската компанија.
Интересно е што најзасегнатиот во оваа ситуација, Opel, не би бил многу задоволен од новиот сопственик, бидејќи според нив тоа ќе ги повлече во уште поголеми финансиски тешкотии.
Да потсетиме, двете компании веќе имаат тесна техничка соработка – Fiat Punto и Opel Corsa ги делат дизел моторите и многу делови од подвозјето, Astra го користи 1,3 литарскиот дизел од Fiat исто така, додека старата Vectra возеше дизел мотори од Alfa.