Facebook се отвора за надворешни програмери
Компанијата Facebook планира да им даде пристап на надворешни програмери до дел од јадрото на друштвената мрежа за да можат да развијат нови сервиси, објавија светските медиуми, повикувајќи се на извор близок до компанијата.
Според неименуваниот извор, компанијата се очекува во секој момент да објави дека надворешни програмери ќе имаат пристап до аплодираните содржини на корисниците на Facebook, како што се фотографиите, видео содржините се разбира со дозвола на истите.
Facebook, кој во моментов поседува над 200 милиони активни корисници, наводно не планира да прави промени на својот сервис.
Компанијата се очекува да ги информира програмерите за своите планови и тоа за време на конференцијата на програмери во Пало Алто во Калифорнија, која денеска започнува, објави „The Wall Street Journal“.
Преставници од Facebook засега одбиваат да ги коментираат информациите за отворање кон надворешни програмери, но потврдија дека во текот на денот ќе имаат излагање на конференцијата во Пало Алто и оти ќе зборуваат за можностите за развој.
Минатата недела компанијата соопшти дека ќе ги смени условите за користење на мрежата, со што на корисниците ќе им се даде поголема контрола врз личните податоци.
Ваквата одлука на компанијата следи по гласањето на корисниците, кои се противеа на одлуката на Facebook да ги задржи правата на сопственост врз материјалите на корисниците на мрежата, дури и по бришењето на нивните профили.
По консултацијата со корисниците, друштвената мрежа одлучи на корисниците да им даде поголеми права и сопственост врз објавените податоци.
Основачот на сајтот, Марк Зукерберг соопшти дека компанијата применува „потранспарентен и подемократски пристап“, поради што во креирањето на политиката ги вклучи и корисниците. Над 600.000 корисници учествуваа во гласањето, од кои 70 отсто се изјаснија против одлуката Facebook да ги има правата на сопственост врз нивните содржини и податоци.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)