-->

На Facebook открила дека потстанарите и го уништиле станот, па веднаш ги избркала

Carolyn Lorimer (26) го изнајмила станот на еден млад пар. Таа мислела дека тие се пристојни, но сликите од забавите во уништениот стан на Facebook покажале нешто сосема поинакво.



Кога го изнајмила станот на еден млад пар, 26 – годишната Carolyn Lorimer од Кент, не знаела дека прави огромна грешка. Агенцијата која го препорачала младиот пар ја уверила дека тие се навистина пристојни. Меѓутоа, кога се логирала на Facebook Carolyn видела слики од стан кој бил навистина сличен на нејзиниот. Откако подобро ги разгледала сликите, и внатрешноста на станот, видела дека станува збор за нејзиниот стан кој го изнајмила. Таа била шокирана, на сликите видела разуздани забави, уништен мебел, дупки во ѕидот, искршен телевизор. Кога ги видела сликите, таа веднаш покренала барање да ги избрка од станот, но парот веќе избегал, оставајќи и на кутрата девојка неплатени сметки и штета од 3.500 долари.



“Ова ми е прв пат да изнајмувам стан. Не очекував дека ќе помине вака лошо. Ова е вистинка ноќна мора. “- изјавила Carolyn Lorimer.

Таа пратила слики од младиот пар и по други агенции за да не им се случи нешто вакво на други луѓе.








 

Copyright © 2009 selotejp.com