-->

Руни се уште e фан на Евертон


Напаѓачот на Маченстер Јунајтед, иначе дете на Евертон, ги заострува навивачите на двата тима пред нивното соочување во ФА Купот.


Иако денес фановите на Евертон го честат со свирежи кога игра против неговиот прв тим, Вејн Руни никогаш не негирал дека цело негово детство навивал за Евертон и дека се уште го сака.

„Секогаш сакам само добро за Евертон. Чудно ми е кога играм против нив, бидејќи играм протв дресот со кој и јас навивав како мал и во кој ја почнав мојата кариера“, рече Руни при интервју за Дејли Меил.

„Фановите веќе не ме сакаат, но тоа не ми пречи. Ги разбирам. Повторно ќе кажам: сакам Евертон да биде најдобар англиски тим после Манчестер.

Дресот на Евертон, 24-годишниот напаѓач го носеше како тинејџер од 2002 до 2004, кога премина на Олд Трафорд за 23.5 милиони фунти.

„Се радувам на натпреварот в недела. Многу од моите роднини ќе дојдат на Вембли. Ќе има многу помешани емоции. Се надевам дека сепак ние ќе бидеме тие кои ќе одат во финале.

И за крај ги предупреди фановите на Евертон да не го свиркаат и навредуваат.

„Кажав дека тоа не ми пречи. Дури и ме мотивира, ме прави подобар на теренот!“

 

Copyright © 2009 selotejp.com