-->

Тринаeсет слики на Хитлер продадени за 107.645 евра

Серија од 13 слики, насликани од Адолф Хитлер во неговата младост се продадени за 95.589 британски фунти (107.645 евра) од аукционската куќа „Малокс“ во Шропшир, пренесоа агенциите.

Сликите, повеќето акварели, се насликани од Хитлер меѓу 1908 и 1914 година, кога се обидувал, без особен успех, да направи кариера како сликар во Виена.

Автопортретот, на кој Хилер седи на мост, потпишан со неговите иницијали, беше продаден за 10.000 фунтии (11 260 евра).

Вкупната сума за која беа продадени сликите, ги надминаа очекувањата на „Малокс“. Експертот Ричард Вестуд-Брукс изрази задоволство од тоа и кажа дека очекувал сликите да се продадат за околу 5.000-6.000 фунти.

Сликите на Хитлер биле откриени неодамна во напуштена гаража. Се претпоставува дека тие прво биле најдени во Германија во 1945 година од британски војник, чиј полк бил дислоциран во Есен, во Западна Германија, а потоа биле заборавени во гаражата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com