-->

Аdobe Flash наскоро на ТВ приемниците

Adobe вчера ја претстави најновата верзија на мултимедиската платформа Flash, која ќе овозможува прикажување на соодветни содржини на компатибилни телевизори, set top box уреди, Blue-ray плеери и слични дигитални медиуми.

Со овој потег Adobe својата платформа ја сели на нова серија уреди, овозможувајќи им на корисниците нов облик на уживање во Flash содржините (читај: YouTube клипови, пред се :) ).

Секако, за да е возможно спомнатото уживање секако дека е потребен уред кој поседува врска со интернет мрежата, но во денешно време со неа се опремени огромен дел од техничките апарати.

Исто така, денес на пазарот постои цела низа производи кои веќе овозможуваат гледање на вакви содржини на телевизор како на пример LG Blue-ray плеерот, но постојните уреди ги прекодираат ваквите видео содржини за прикажување на телевизорите.

Развојнит тим на Adobe исто така работи на изработката на т.н. widget (виџет) за телевизиските уреди. Виџетите се веб-апликации кои на корисниците им пружаат најразлични додатни содржини и кои е можно многу лесно да се имплементираат и на овој вид на уред, известуваат од компанијата.

Телевизорите и останатата техника која во потполност ќе го поддржува Adobe Flash би требало да се појават на пазарот веќе до крајот на оваа година, но од Adobе не сакаа да откријат за кој ексклузивен производител станува збор.

 

Copyright © 2009 selotejp.com