-->

Citroën C-Quatre седан

Citroën на шангајскиот саем за автомобили ја претстави освежената продолжена верзија на моделот C4, седанот C-Quatre.

За разлика од моделот C5, кој е изведен како hatchback, C-Quatre спаѓа во групата класични седани, нешто што особено им се допаѓа на кинеските возачи.

Промените во дизајнот, на кој работеа Dongfeng Motor Corporation и PSA group, се однесуваат на предниот браник и на страничната силуета, која сега е подефинирана.

Исто така новиот седан доаѓа со зголемена линија на кровот, што пак нуди поголем простор за главата на патниците. Што се однесува до самиот назив, тој е прилагоден за кинескиот пазар, затоа што бројот 4 се смета на несреќен. Quatre е оптимален компромис, па така нумеролозите можат да здивнат.

Засега не се знае дали C-Quatre ќе биде достапен само на кинескиот пазар, иако центарот за производство е токму во Кина.

Citroën C4 седан исто така ќе се произведува и во Аргентина, а се нуди и на европскиот и на јужноамериканскиот пазар, но засега нема информации дали новата постегната верзија ќе се најде и на овие пазари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com