Трите категории во кои BMW доби награда беа “Најкул бренд”, “Најдобар спортски бренд” и бренд со најдобар дизајн.
Образложението за првата награда е дека BMW е кул и за младата и за постарата генерација, односно дека сите гледаат на него како угледен и интересен автомобил.
Втората награда, за најдобар спортски бренд е добиена секако поради М серијата на возила, која ја сочинуваат M3, М5, М6 а од неодамна и X5M и X6M.
Третата награда, за најдобар дизајн, како што велат од жирито е поради тоа што дизајнот на брендот се повеќе се прифаќа меѓу купувачите и прави другите автомобили да изгледаат досадно! Со ова последново и тоа како не би се сложиле!
Двете категории во кои пак Toyota доби награди, се за најисплатлив бренд и за најпријателски располежен бренд кон фамилиите. Првата награда е добиена поради најдобриот сооднос на платено – добиено, евтиното одржување и добрата цена за препродавање, а втората е добиена поради широката гама на фамилијарни возила на јапонскиот производител.
Porsche доби две награди за бренд со најдобар дизајн на ентериерот и за бренд со најдобар комфор (!). Првата е образложена со одличната ергономија и поставеност на командите, додека втората со рафинираноста на моделите на Porsche.
По една награда добија и Mercedes, за најдобар престижен бренд, Ford за најдобар Пик-Ап бренд и Nissan за бренд со најдобар надворешен дизајн, не сметајќи ги луксузните марки.