Некогаш постхумното смрзнување на телото во течен азот можеа да си го доволат само ултра богатите. Денес, се повеќе припадници на средната класа, особено во Велика Британија, уплаќаат животно осигурување кое постхумно им ветува смрзнување до некое ново будење во иднината. И тоа за 2.500 денари месечно.
Компаниите кои нудат услуги за животно осигурување се почесто ја воведуваат опцијата за вложување на средства во вашата евентуална бесмртност, наместо исплаќање на пари на вашата фамилија. Во Америка спомнатата пракса е веќе прилично раширена, можат да си ја овозможат и помалку богатите луѓе, а од неодамна се започна со потпишување договори кои и европските аспиранти за вечен живот ќе ги транспортираат преку океанот, каде ќе бидат смрзнати до некое евентуално будење во далечната иднина, со оглед на тоа дека на Стариот континент сеуште не постојат услови за чување на тела во течен азот на минус 200 целзиусови степени.
Една од компаниите за животно осигурување која со драга волја ќе го зачува вашето тело за иднината е институтот Cryonics. За сума од 2.500 денари месечно можете да си купите вечен живот или барем надеж за него, што е далеку поефтино од продавање на душата, на пример. Додуша, не им го кажувајте ова на ваштие свештеници, гуруа или слични на нив. Ќе сакаат да ве убедат дека кај нив сте можеле да поминете нешто поефтино.
Во шоубзнисот пред повеќе од 10 години се појавија шпекулациите дека телото на Волт Дизни е токму на овој начин замрзнато, со цел во иднина кога науката ќе пронајде лек за ракот на белите дробови да биде вратено во животна форма. Надвор од шпекулациите, официјално Дизни е кремиран, веднаш по смртта.
Ако ние се лажеме, некој наш прапраправнук ќе се смее читајќи ги архивите на интернет од денешно време :)