-->

Берлускони има четири старлети за ЕУ парламентот

Берлускони вели дека сака млади лица за да го освежи имиџот на Италија во Европа. Четири девојки ќе поминат курс во кој ќе се запознаат со политиката, историјата и НАТО.



“Отсекогаш сум сакала политичка кариера, но не се чувствував спремна за тоа.“- вели Барбара Матер додавајќи дека италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја убедил во спротивното и ја зголемил самодовербата.

“Силвио вели дека сум спремна и дека многу добро ќе работам во Стразбур.“- додава Матера, поранешна финалистка на изборот за Мис Италија, која освен на природни таленти, ќе се потпира и на брз курс за висока политика. Таа е единствена од шефовите фаворитки за европарламентот која има завршено факултет. Курсот за нив го организираше Берлускони, а демонстратори ќе бидат угледни италијански експерти. Нивната цел е со советите на премиерот да се доближат до европската историја, актуелната политика, Нато, Европската банка и легендарниот Меѓународен монетарен фонд.



“Сакам млади лица за да го освежам имиџот на Италија во Европа.“- вели првиот човек на италијанската влада.

Покрај Барбара за парламентот во ЕУ ќе се натпреваруваат уште три убавици. Од “Big Brother” во парламент сака и ѕвездата на шоуто Анџела Созо, а новиот лист во животот го врти и ѕвездата од календарот за мажи Камила Феранти, и големата ѕвезда на ТВ сапуниците, Елеонора Џаголи.






 

Copyright © 2009 selotejp.com