Избеган бик од саем за стока влета во супермаркет во Ирска. Видеото во кое луѓето во паника бегаат пред опасното животно стана хит на ЈуТуб. За среќа, никој не е повреден.
Малото ирско градче Белинроуб се најде во центарот на вниманието кога бик влета во супермаркет, а снимката од безбедносната камера се најде на ЈуТуб.
Сопствениците на супермаркетот на шега изјавија: "Кој може да се пожали дека немаме најсвежо говедско"? :)