-->

Оревите штитат од рак на дојка

Редовното консумирање ореви може да помогне при намалување на ризикот од рак на дојка покажа последното американско научно истражување.

Оревите содржат состојка која е многу слична на омега-3 масните киселини, како и антиоксиданси и фитостероли кои го намалуваат ризикот од карцином.

Тврдењата на американските научници се базираат на резултатите од истражувањето врз глувци, на кои им е давана дневна доза која е еквивалентна на 56,7 грама.

Истражувачите веруваат дека оревите, кои имаа благотворното дејство кај глувците, ќе го имаат истиот ефект и кај луѓето.

-Познато е дека здравата исхрана може да ја спречи појавата на разни хронични болести. Сега е сосема јасно дека со вклучување на оревите во здравата исхрана се намалува ризикот од рак на дојка, изјави др. Елејн Хардман, автор на студијата.

Претходните истражувања покажаа дека јадењето ореви на крајот на оброкот може да ја намали штетата што масната храна им ја нанесува на артериите. Оревите се богати со состојки кои го намалуваат стврднувањето на артериите, правејќи ги пофлексибилни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com