-->

Телефон кој бакнува

Колку пати по телефон сте се расправале со партнерот, а потоа кога сте се смириле не сте можеле да го бакнете бидејќи не бил до вас. Наскоро ќе можете да ставите крај на ваквите проблеми и тоа благодарение на KissPhone.

Телефонот кој бакнува, е дело на францускиот инвентор Жорж Кусурос, доаѓа со усни, кои ви овозможуваат преку телефонската линија да испратите „вистински“ бакнеж.

Усните го мерат притисокот, брзината на допирот, температурата и „силата на вцицување“ на вашата уста, а потоа вашите „чувства“ ги пренесува на KissPhone-от на вашиот партнер.

-Ова е одличен телефон за оние кои имаат љубовна врска на далечина и кои копнеат за физички допир. Сепак внимателно кога вртите, затоа што ќе се најдете во незгодна ситуација доколку свртите погрешен број, изјави Кусурос.

 

Copyright © 2009 selotejp.com