-->

Англичанец после операција на мозокот се разбудил како Ирец


Британецот Крис Грегори (30) се разбудил после операција како нов човек, и тоа Ирец. Тој запеал позната ирска песна, со течен ирски дијалект.

Крис Грегори од Шефилд поминал три дена на интензивна нега после операцијата на мозокот. Кога ја здогледал свршеницата Мери (36) и се обратил со ирски акцент. Следните половина час зачудените роднини го слушале со неверување како пее популарна ирска песна од Danny Boy. Веќе следниот ден му се вратил неговиот јоркширски акцент.

“Кога влегов на одделението мислев дека слушам пијан Ирец како пее, но звукот доаѓаше од неговиот кревет.“ - рекла свршеницата.

Таа помислила дека нема шанси тоа да биде тој, но кога го видела како седи на креветот и од ’петни жили’ пее песна од Danny Boy со ирски акцент, се фрапирала.

Крис морал да оди на итна операција во болницата Sheffield's Royal Hallamshire откако му пукнала жила во мозокот во септември 2007 – година.

“Не се сеќавам на ништо, би сакал да можам да го преслушам тоа.“

Експертите го поврзале феноменот со синдромот ’непознат акцент’ кој ја погаѓа контролата на јазикот и устата во екстремно ретки невролошки случаи.

 

Copyright © 2009 selotejp.com