-->

ХПВ вакцинацијата сепак ќе почне од септември

Владата се предомисли и ја повлече одлуката за времено одложување со што заштитата од вирусот кој предизвикува рак на грлото на матката, наесен ќе ја добијат 15 илјади девојчиња.

Како што образложи министерот за здравство, Бујар Османи, одлуката ја повлекле бидејќи овие два дена имало огромен притисок и јавувања на здруженија и родители кои прашувале што со нивните девојчиња кои требало да бидат вакцинирани годинава. Поради економската криза која беше мотив за временото одложување, министерството се договорило за одложено плаќање и со фирмата која треба да ги набави вакцините.

- Имавме многу јавувања на родители и јас на средба со премиерот се договоривме вакцинацијата да почне во септември. Фирмата која доби на тендерот се договоривме годинава да не и платиме, туку плаќањето да биде одложено за до година - изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Вакцините треба да стигнат во септември кога 15 илјади девојчиња на 12 годишна возраст ќе бидат вакцинирани. Лекарите и понатаму се на став дека постои медицинска оправданост за задолжително воведување на вакцината.

- Овие денови телефоните нон стоп ѕвонеа и родителите се грижат за нивните деца - вели др. Горазд Димитров, гинеколог.

Вакцините за овие 15 илјади девојчиња ќе го чинат Министерството за здравство околу 3,5 милиони евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com