Како нормално да живеете со низок притисок
Лицата кои постојано се чувствуваат заморено, бледи се, а притисокот најчесто им е 100/60, веројатно страдаат од хронично низок крвен притисок – хипотензија.
Симптомите на хипотензија се различни и не се јавуваат во исто време, а најкарактеристични се премаленост, лошо помнење, апатија, чувство на општа слабост. Лицата со низок крвен притисок најчесто брзо се задишуваат, честопати имаат впечаток дека немаат воздух, зеваат и имаат чувство дека ќе се онесвестат.
Хипотензичарите наутро се чувствуваат ненаспани, а се расонуваат дури два часа по будењето. Во текот на денот овие лица повторно клапнуваат, за вечерта повторно да бидат во топ форма. Лицата кои имаат низок притисок, најчесто не сакаат да чекаат во ред, избегнуваат јавен транспорт, а расположението и енергијата им зависи од годишното време.
Според некои лекари нискиот крвен притисок претставува болест која треба да се лечи, додека за други тоа е минлива состојба со која треба да се научи да се живее. Сепак посетата на лекар е задолжителна затоа што нискиот крвен притисок може да биде симптом на некоја друга болест која треба да се лечи. Хипотензијата може да укажува на нарушена циркулација, инфекција, психички напор, лоша исхрана... Нискиот крвен притисок многу лесно може да прерасне во висок, а тогаш навистина имате проблем.
Лечење, ова можеби и не е вистинскиот збор кога станува збор за низок крвен притисок, бидејќи станува збор за борба. Движењето, сонот и добрата исхрана можат најдобро да ви помогнат за повторно да се чувствувате нормално.
Лицата со низок крвен притисок по правило се кафеџии, без кофеин едноставно не можат да се разбудат. Три кафиња во текот на денот се ОК, но таа граница не смеете да ја преминете, бидејќи состојбата само ќе ви се влоши.
Активниот одмор е најдобро решение за лицата со низок притисок. Шетањето, пливањето или трчањето се најдобри спортови за хипотензичарите.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)