-->

Aлкохолот влијае на развојот на тинејџерскиот мозок

Студијата за влијанието на алкохолот на мозокот на младите покажа дека и само повремените консумации на поголеми количини алкохол негативно влијаат на неговиот развој.

Се покажа дека алкохолот влијае на развoјот на белата мозочна маса која е одговорна за добар пренос на информации во рамките на самиот орган. Бидејќи мозокот кај тинејџерите е во фаза на развој, докажано е дека конзумирањето алкохол во овој период од животот влијае на развојот на белата мозочна маса. Востановено е дека во мозокот на возрасните алкохоличари токму белата маса е таа која реагира најмногу на алкохолот, односно станува некохерентна (неповрзана).

Во истражувањето се снимани мозоците на 28 тинејџери од 16 до 19 годишна старост. 14 од нив признале дека конзумираат алкохол во последните три месеци, додека 14 изјавиле дека воопшто не конзумираат алкохол. На снимнките на нивните мозоци било очигледно кој е љубител на капката, а кој го чува грлото суво, токму по состојбата на белата маса. Кај конзументите пронајдена е неповрзаност во оваа маса во неколку делови од мозокот, додека кај непијачите белата мозочна маса била кохерентна во сите снимени делови од мозокот.

На крај, ова би значело дека кај тинејџерите кои пијат, одредени функции во мозокот слабеат.

Едно друго истражување покажа дека 55% од тинејџерите средношколци се опиваат прилично често, а четвртина од нив изјави дека испиле пет и повеќе чаши алкохол барем во една прилика во минатите две недели.

 

Copyright © 2009 selotejp.com