-->

Анџелина станува детективка


Крими романите на Патриша Корнвел наскоро би требало да заживеат на филмското платно, а улогата на Кеј Скарпета, докторката, истражувачка на злосторства, наводнo Анџелина ја зела пред носот на Деми Мур.

Правата за адаптација на романите на Патриша Корнвел ги побара Fox 2000 кој пак во главната улога сака да ја види Анџелина Џоли, а не Деми Мур, која претходно се загреваше за проектот.

А, како што пренесува Variety, Анџелина нема ништо против плановите на Fox 2000. Се зборува дека планот е да се направи цел серијал филмови за популарниот лик.

Но, Анџелина пред да ’влезе’ во улогата на докторка и детективка, треба да го заврши трилерот Salt, па да го даде својот глас во второто продолжение на Kung Fu Panda.

Покрај тоа мора да ги чува своите шест деца, па така решавањето на злосторствата, ќе мора малку да причекаат. А, дотогаш погледнете ги сцените од снимањето на филмот Salt.


 

Copyright © 2009 selotejp.com