-->

Сонот влијае врз однесувањето на децата

Проблемите во однесувањето на децата можат да бидат предизвикани од недостиг на сон, се наведува во студија изработена од Универзитетот во Хелсинки.

Пренесувајќи делови од студијата финскиот дневен весник „Хелсингин саномат“ наведува дека деца што спијат премалку се почесто хиперактивни и импулсивни.

Децата што учествувале во истражувањето биле на возраст од седум и осум години.

Истражувачите со помош на техничка апаратура и анализа на податоци добиени од родителите можеле да ги испитаат навиките поврзани со спиењето на децата.

Се покажало дека кај децата кои во просек спиеле пократко од 7,7 часови во текот на ноќта, манифестирале повеќе симптоми кои потсетуваат на нарушување на вниманието со хиперактивност (ADHD). Тие почесто биле поактивни од вообичаеното, имале тешкотии со концентрацијата и со контролирање на своите импулси.

 

Copyright © 2009 selotejp.com