-->

Шварценегер повторно во „Терминатор“

Човекот кој одлучи да ја замени филмската со политичката глума и е актуелен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, потврди дека ќе се појави во најновиот филм „Terminator: Salvation“, но не во класична актерска ролја.

Еден месец пред официјалната премиера на филмот, Шварци потврди дека сепак ќе се појави во филмот, но не во актерска ролја. „Прилично јасно им кажав дека немам време за снимање филм. Се согласив да се појавам во филмот доколку најдеме некое друго заедничко решение“, изјави гувернерот.

Оригиналниот терминатор додаде: „Одлично е што одлучија да ја продолжат франшизата...За во случај некогаш да се вратам на актерството, откако ќе завршам со политиката“. Како што наведува Los Angeles Times, Шварценегер ќе се појави во една кратка сцена во која Џон Конор (Christian Bale) го претставува како „иден Терминатор“.

Наместо да ви претставиме повторно некој од трејлерите за новиот филм, убаво е да се потсетиме како Шварци се облекуваше во првиот Терминатор:

 

Copyright © 2009 selotejp.com