-->

Доведени во прашање вокалните способностите на Бијонсе

Во јавноста неодамна излезе аудио снимка на песната , „If I were a boy“ на Бијонсе, во која беа доведени во прашање пејачките квалитети на оваа популарна американска музичка дива. Познатиот радио водител, Howard Stern, во својата емисија „The Howard Stern Swoh“ пушти снимка на која Бијонсе звучи како некој да „дере мачка“.

Снимката наводно исчезнала за време на гостувањето на познатата пејачка во емисијата „Today Show“ каде Stern тврди дека Бијонсе пеела на плејбек.

Слична судбина имаше и поп ѕвездата Бритни Спирс, но тоа не беше некоја новост бидејќи од поодамна се знае дека Спирс не знае добро да пее.

На снимката која излезе деновиве, Бијонсе ужасно лошо ја пее песната и „фалшира“ на секој стих. Кога песната доаѓа до рефренот популарната R&B пејачка започнува да се дере како некоја аматерска пејачка која за прв пат земала микрофон в рака.



Набрзо по објавувањето на „вистинскиот глас на Бијонсе“ се јави Метју Ноулс, менаџерот и таткото на Бијонсе, кој застана во одбрана на својата ќерка.

- Доколку некој не беше во можност да го слушне нејзиното пеење на инаугурацијата на претседателот Барак Обама, кога таа покажа завидни вокални способности, тогаш тие се вистински идиоти, изјави нејзиниот лут татко.

Во јавноста се обрати и самата Бијонсе, која тек денеска ја преслушала спорната снимка за кој тврди дека не е автентична. Нејзините тврдења набрзо биле потврдени бидејќи авторот на снимката признал дека се работи за невкусна шега.

 

Copyright © 2009 selotejp.com