-->

Граѓански протест против укинување на веронаука

Македонија, 22 април, (Нетпрес) - Невладината организација “Здрави животни стилови“ поддржана од наставниците по веронаука и граѓани од различни градови во земјава, денеска ќе одржи голем граѓански собир, пред Уставен суд во Скопје.

Тие ќе го изразат своето незадоволство поради укинувањето на веронауката во основното образовани од страна на уставниот суд. Пред зградата на судот ќе биде прочитана Декларација.

Во рамките на собирот предвидена е четириесетминутна програма со повеќе говорници. Потоа собирот во организирана поворка присутните ќе се движат низ улиците на централното градско подрачје на градот Скопје, се вели во соопштението од невладината организација.

И учителите по веронаука од муслиманска вероисповед денеска ќе го искажат својот став во однос на укинувањето на овој предмет.

 

Copyright © 2009 selotejp.com