-->

Бункерот на Хидинк си ја заврши работата

"Финалето пред Финалето" го упропасти бункерот на Челзи, но Хидинк е задоволен, а Гуардиола по непопуларните 0:0 остана да жали за чистиот пенал за кој судијата Старк не го досуди...


Цела сезона ниту еден тим по гостувањата во Барселона си нема заминато со празна мрежа, но Гус Хидинк веруваше дека може да одолее на тактиката на Гуардиола така наречена "строј за погодоци".

На теренот испрати бункерска постава и успеа да ја зачува мрежата за да избори непопуларни 0:0. Одлуката за финалистот ќе падне на Стемфорд Бриџ, но според покажаната игра вечерва, Челзи не треба да се надева дека е во предност.

Статистиката можеби најдобро го опишува дуелот. Барселона према голот на Чех шутираше 20 пати, а Челзи према Валдес упатил само 3 удари. Скоро целиот меч играчите на челзи го поминаа на својата половина, препуштија Барса да ја води својата и гра и со тек на време на нафрлаа топката према единствениот напаѓач Дидие Дрогба.

Токму од една таква ситуација се направи фантастична можност пред крајот на првиот дел кога Маркез ефтино му ја продаде топката на Дрогба, но Валдес не дозволи да биде совладан.

Остатокот од мечот го играа само домаќините. Дури 66% од времето топката беше во посед на Барселона, а веќе на полувреме имаа точно 200 пасови повеќе од Челзи, но сепак не можеа да го најдат вистинскиот пат до голот.

Главниот арбитар Волфанг Старк во наредните денови сигурно ќе биде тема на разговор кај многу фудбалски фанови. Уште во првите 10 минути Старк требаше да додели 3 жолти картони на играчите на Челзи, но одлучи да дозволи груба игра која гостите добро ја искористија и така предизвикуваа фрустрација кај плејмерките на Барса.

На почеотокот на вториот дел лекарите мораа да им помагаат на Анри, Алвес, Чави, А Маркез поради повреда мораше да биде заменет од страна на Пујол. Но, најголемиот пропуст на Старк се случи во 74-тата минута, кога Босингва го собори Анри пред својот гол, а германскиот судија пропушти да суди чист пенал.

Првата добра шанса Барселона ја направи веќе во 2-та минута. Иванович го сруши Анри на левата страна од 16-тикот, Ето со глава ја прифати нафрлената топка и ја врати на петерецот каде Маркез не успеа да ја турне во празниот гол. Десет минути подоцна Меси и Алвес према Анри каде во последен момент мораше да интервенира Иванивич и по тоа мечот забележа мало примирје.

До крајот на полувремето домаќините направија уште неколку полушанси, но повторно опасно се заканија во 58-та минута. Пике испрати опасна топка во казнениот простор, но побрз од Алвес и Ето беше Чех. Две минути подоцна Меси од волеј шутираше над голот, но затоа голманот на Челзи успеа да одбрани уште еден добар шут на Алвес. Во 67-та минута, Алвес повторно шутираше од слободен удар, овој пат половина метар над гредата.

Во 70-тата минута Ето во соло пробив, скоро го сруши Хидиниковиот бункер. Но, во намерата повторно го спречи Чех. Камерунецот од центарот успеа да го помине Алекс, па повторно со дриблинг во казнениот простор се ослободи од Бразилецот, за неговиот удар да го одбрани Чех. Штета што Ето не се олучи за пас кон неговиот осамен соиграч Анри, кој ја чекаше топката на другата страна од казнениот простор. Уште 2 големи шаншси имаше Барса во судиското продолжување, но ниту Кркиќ ниту Хлеб не успаа да ја сместат топката во мрежата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com