
Бугарската полиција врши истрага над астрологот кој крена паника помеѓу луѓето, предвидувајќи земјотрес, кој воопшто не се случил, па сега тој одговара за ширење на лажни вести и дезинформации.
Стотици луѓе саботата ноќ ја поминаа во шатори и автомобили, бидејќи астрологот Емил Лестански за таа вечер на градот му предвидел силен земјотрес кој ќе однесе многу животи и ќе го разурне градот кој брои 80.000 жители.
Бугарите се изразено празноверни, а исцелителите и пророците се навистина популарни меѓу овој народ.
Кога виделе дека нема земјотрес, луѓето побеснеле, затоа што наместо жителите да го слават велигден, тие ја поминале ноќта далеку од нивните домови, а поголема група на граѓани најавиле тужба до астрологот.
Во моментов се собираат сите докази за "лагата", а доколку се утврди вината кај астрологот, тој може да се соочи со казна и до две години затвор.
Астрологот неколку дена подоцна преку весник јавно им се извинил на граѓаните на овој бугарски град.