Грција се претвори во огромна перална, каде перањето валкани пари веќе добива застрашувачки размери, пишува електронското издание на атинскиот весник „Вима“.
Весникот го цитира годишниот извештај на Комисијата за борба со перењето пари, според која во 2008 година обидите за легализирање на приходи од криминална дејност се двојно зголемени во однос на претходните години, констатирајќи дека годишно се регистрирани меѓу 800 и 900 такви обиди за перење пари.
Само минатата година, посебно, комисијата разгледувала 1952 случаи на сомнителни зделки, со цел да се легализираат приходите, добиени од криминална активност.
Меѓу случаите истражувани од комисијата за перење пари се и скандалите со поткупите давани од германската компанија „Сименс“ за придобивање на добра зделка, како и замената на доходовните имоти меѓу државата и манастирот Ватопед на Света Гора, пишува уште весникот.