-->

Појадувањето на житарки ја зголемува концентрацијата

Научниците тврдат дека јадењето на житарки за појадок ја зголемува концентрацијата на работа и училиште.



Новото истражување на научниците од King's College во Лондон покажало дека јадењето на житарки за појадок двојно го намалува падот на менталните способности во текот на денот. Не само што е важно да се појадува туку е уште поважно што ќе се јаде во утринските часови тврдат експертите.

Истражувањето го спровеле на група ученици кои за појадок јаделе житарки во период од 4 дена и ги споредиле нивните резултати со деца кои консумирале пијалаци на база на гликоза или воопшто не појадувале.

Кај децата кои јаделе житарки утврдено е дека падот на концентрација бил значително намален, како и секундарното памтење и визуелната перцепција елоквентноста и академската успешност. Затоа се советува појадокот да содржи со низок гликемиски индекс како и житарки во облик на житни и пченкарни снегулки и слично, а да не се консумира бел леб кои има висок гликемиски индекс.

 

Copyright © 2009 selotejp.com