Чувството на постојано набљудување ги поттикнува луѓето да го подобрат своето однесување. Ова се однесува на видео надзорот но и на постерите кои што најчесто се поставени на ѕидот.
Група на научници од Њукасл набљудувала луѓе додека оставаат пари за купените пијалаци во сад кој што бил сместен во близина на касата.
Истражувањето покажало дека потрошувачите оставаат три пати повеќе пари кога над садот во кој што треба да ги остават парите е поставен постер односно слика со човечки очи.
Доктор Мелиса Батесон , инаку предводник на истражувањето, нагласува дека сликата влијае на перцепцијата, создава чувство дека некој набљудува. Како резултат на тоа луѓето се обидуваат да се претстават во најдобро светло.