-->

Стогодишна Американка се натпреварува во куглање

САД, 21 април, (Нетпрес) - Стогодишна Американка станала најстариот натпреварувач во САД, на женскиот шампионат во куглање, кој се одржал викендов во градот Рено во Невада, објавува “Асошиејтед Прес“.



Ема Хендриксон (100) од градот Њу Џерси, на натпреварувањето добила плакета и медаља за 50-годишно учество на турнирот и признание за најстар учесник. Хендриксон, која инаку е прабаба на 27 правнуци у уште неколку пра-правнуци, својот 100-ти роденден го прославила пред помалку од еден месец. Таа изјавила дека понекогаш во подготовките за куглање и помагаат нејзините тимски колеги.

“Мислам дека куглањето е тоа што најмногу ја одржува во живот“, изјавила нејзината внука Карен Мариани (45).

Ема Хендриксон рекла дека воопшто нема намера да се откаже од куглањето, а веќе се впишала и за натпреварувањето во куглање идната година во Ел Пасо, Тексас.

 

Copyright © 2009 selotejp.com