САД и Европската унија подготвуваат „значајни отстапки“ кон Иран, во настојување да почне решавањето на проблемот околу иранската нуклеарна програма, пишува „Гардијан“.
Во рамките на тие отстапки, најзначајниот момент е најавата дека Aдминистрацијата на американскиот претседател Барак Обама нема повеќе да инсистира Техеран да ја прекинe својата работа врз програмата за збогатување на ураниумот, како предуслов за почеток на преговорите.
Лондонскиот весник смета дека потребата од такво решение е значително зголемена, по заканата на новата Влада на израелскиот премиер Бенјамин Натанијаху дека ќе ги бомбардираат нуклеарните постројки на Иран за да ги оневозможат плановите за изградба на нуклеарно оружје.
Иран веке има толку многу напреднато во оспособувањето за да произведе вакво оружје, по што САД се доведени во ситуација се потешко да можат да го натераат Техеран да престане со својата нуклеарна програма и со активностите што се преземаат околу тоа, наведува весникот.
Во таква ситуација, според „Гардијан“, најмногу што претседателот Обама може да постигне е да се остави Иран со веќе достигнатата технологија, но да не му се дозволи да почне со производството на атомското оружје.
Весникот верува дека тоа ќе може да помогне за да се натера Иран да дозволи детална инспекција на комисијата за контрола на атомското оружје на Обединетите нации.