-->

Стечајот ќе ја реши кризата во Сведмилк

Стечајот ќе ја реши кризата во Сведмилк. Со стечајната постапка ќе се откријат виновниците за ситуацијата до која е доведена млекарницата.

Додолку се докаже дека поранешните сопственици намерно ја довеле Сведмилк до стечај, согласно законот, со својот личен имот ќе одговараат за последиците, објасни заменик - министерот за земјоделство, Христијан Делев.

Од тие пари ќе биде исплатен долгот кон фармерите, а Сведмилк и понатаму ќе работи под раководство на стечаен управник, вели Делев.

Заменикот министер го демантираше и шведскиот фонд кој тврди дека Делев ја препорачал Феникс Енерџи за нов сопственик на Сведмилк.

По барање на фондот, Министерството за земјоделство даде само поддршка за трансфер на сопственоста, а не препорака или некаква гаранција, изјави Делев. По вчерашните целодневно протести, фармерите денеска мируваат. Велат, биле истоштени и немале пари за да се организираат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com