-->

Откриена најмалата егзопланета досега


Научниците ја открија досега најмалата егзопланета и првата егзопланета покриена со голем океан, двете сместени во исто созвездие.

Група научници предводени од Мајкл Мајор од женевската опсерваторија откри планета што е само двапати поголема од масата на Земјата, што ја прави најмалата егзопланета (планета надвор од нашиот сончев систем) од 350-те досега откриени, соопшти Европската организација за астрономско истражување.

Планетата, наречена ’Gliese 581 е’ е откриена благодарение на истражувањата изведени со спектографот HARPS поврзан со телескопот долг 3,6 метри инсталиран во Ла Сила во Чиле.

Астрономите успеаја да ја пресметат и оддалеченоста од другата егзопланета 'Gliese 581 d', откриена во 2007 и заклучија дека оваа егзопланета се наоѓа во т.н. „настанувачка зона“.

Двете планети се наоѓаат во соѕвездието Вага, 20,5 светлосни години оддалечено од нашиот Сончев систем. Една светлосна година изнесува околу 9.460 милијарди километри.

„Овие две откритија подеднакво се значајни“, рече за АФП еден од членовите на групата научници. „Долгорочно, бараме планета која би била со приближна маса како Земјата и на која би имало течна вода.“

Масата и течната вода се главни услови потребни за живот. На 'Gliese 581 d', можеби постои голем и длабок океан. Оваа планета е прв кандидат за титулата ’воден свет’, рече Стивен Удри. Што се однесува до другата егзопланета 'Gliese 581 е', која има 1.9 пати поголема маса од Земјата, на неа е претопло за да има живот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com