-->

Кануте во Севиља до крајот на кариерата


Најдобриот стрелец на Севиља, Фредерик Кануте го продолжи договорот со андалузискиот клуб за уште две сезони, односно до летото 2012 година.

„Воодушевен сум што клубот ми понуди продолжување на договорот. Тоа значи дека во Севиља веројатно ќе ја завршам кариерата, а тоа би било прекрасно бидејќи тука ги остварив најголемите успеси“, рече 31-годишниот Кануте, кој со Севиља ги освои Купот на УЕФА (2006 и 2007) и европскиот Суперкуп (2006), а следната година беше прогласен за најдобар африкански фудбалер.

Кануте во Севиља стигна во 2005 година од Тотенхем, а претходно играше за Вест Хем и за Лион.

 

Copyright © 2009 selotejp.com