Фластерот одговара на различни типови на кожа односно кај луѓето со посветла кожа истиот побрзо ја менува бојата бидејќи оваа кожа полесно гори. Овој невообичаен производ може да се користи и во комбинација со заштитни креми.
-Луѓето не знаат дека УВ зраците се непредвидливи односно дека кожата може отпосле да поцрвени. Оваа кожа е оштетена и може да предизвика сериозни последици, истакнува професорот Андреа Милс инаку водач на истражувањето.
Се претпоставува дека новиот производ ќе биде дизајниран во вид на нараквица и ќе биде достапен по ниска цена.