-->

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за европски прашања, за здравство, за култура и за одбрана и безбедност.

Комисијата за европски прашања треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прво читање, а Комисијата за здравство за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, прво читање и на Законот за здравствено осигурување, второ читање.

Членовите на Комисијата за култура ќе ги разгледаат активностите околу имплементацијата на годишната програма за одбележување значајни настани и истакнати личности за 2009 година, како и активностите за подготовка на годишна програма за одбележување значајни настани и истакнати личности за 2010 година.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективната одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, прво читање, предлог-одлуките за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировните операциии во Авганистан и во Босна и Херцеговина, ЕУФОР, АЛТЕА.

Дел од дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com