-->

Ретро појачало за аудиофили

Својата шеесетта годишнина легендарниот производител на аудио опрема McIntosh Laboratory одлучи да ја прослави во ретро стил.

Вистинскиот аудиофил ќе знае да го цени овој потег на McIntosh, a само вистинските вљубеници во овие уреди се подготвени да потрошат околу 15.000 долари за парче аудио опрема.

Својот шеесетти роденден McIntosh Laboratory го прославува со претставувањето на моделот на појачало MC75, изработен по пример на оригиналниот модел од 1961 година, како и предпојачалото со ознака C22, исто така изработено по модел од далечната 1962 година.

Двата модели ги краси ретро изгледот со оригиналните компоненти, но електрониката вградена во појачалото е прилично модерна со цел да се задоволат стандардите на денешните аудиофили.

 

Copyright © 2009 selotejp.com