-->

Победи Ѓорѓе Иванов, цензусот исполнет

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со освоени 437.455 гласови победи на четвртите избори за претседател на Република Македонија. Неговиот проивкандидат од СДСМ Љубомир Фрчкоски освои 252.195 гласови.

Одзивот, според првичните збирни резултати што ги објави ДИК, е 42,86 проценти, со што е исполнет цензусот за избор на шеф на државата.

Претседателот на ДИК Александар Новаковски на прес-конференција соопшти дека резултатите се базирани на обработени 2.878 од вкупно 2.976 избирачки места.

Новаковски посочи дека одѕивот пресметан на вкупниот број запишани избирачи изнесува 40,79 проценти, потврдувајќи оти е исполнет цензусот за избор на претседател.

 

Copyright © 2009 selotejp.com