-->

Максимално исполнети со вода двете акумулации во кумановско

Оваа година кумановци нема да почуствуваат недостиг на вода во летните месеци, бидејќи врнежите од дожд го зголемија количеството на хидролошката состојба на акумулациите „Глажња“ и „Липково“.

- Поради врнежите од дожд и топењето на снегот, хидролошката состојба e одлична. Акумулацијата „Глажња“ е исполнета и нејзиниот капацитет е максимален и изнесува 23 милиони и 770 илјади, а нивото на помалата акумулација „Липково“ изнесува еден милион и 200 илјади кубни метри вода, информира раководителот на РЦУК, Горан Стојановски.

Ваков природен прилив на вода, според Стојановски, е одличен и за потребите на граѓаните, но и за земјоделците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com