-->

Овошниот шеќер предизвикува дебелеење

Овошниот шеќер, вообичаено и евтино средство за засладување, меѓу другото и на газирани и негазирани сокови, влијае повеќе врз дебелеењето и има поголеми ефекти врз телото отколку некој друг вид шеќер, се наведува во новообјавена студија изготвена на шведскиот универзитет во Лунд.

- Звучи толку корисно, овошен шеќер, но во поголеми количини тој воопшто не е, изјави Шарлот Ерлансон-Албертсон, професор по медицинска и физиолошка хемија во Лунд за Шведската телевизија СВТ.

Според неа, меѓутоа, нема никаков проблем да се јаде обично овошје - токму напротив. Предупредувањето пред се се однесува за сокови вештачки заблажени со овошен шеќер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com